• :: build your online business

ЗОШТО INTERBAUER?

11 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ INTERBAUER КАКО ВАШ ХОСТИНГ ПАРТНЕР

Одлучете сами на што се сведува листата на можностите при изборот на хостинг компанија. Дали е тоа безбедноста на серверите или нивната online достапност? Или можеби брза и професионална поддршка? Можеби се работи за карактеристиките на хостинг пакетите или услугите? Ние Ви обезбедивме 11 причини за да го одберете InterBauer како Ваш хостинг партнер.

24/7 техничка поддршка
Техничката поддршка е најзначајниот фактор за клиентите на било која хостинг компанија. Супериорната поддршка е нашиот најголем приоритет во InterBauer. Обично, ќе добите одговор во рок од неколку минути, најмногу до 1час, гарантирано! Нашиот тим е секогаш достапен за помош дури и за време на празниците како Божиќ и Нова година!


Хостинг сервери
Нашите сервери се специјално оптимизирани и конфигурирани за работа и опслужување на хостинг.
2x Quad-core Xeon CPUs, 8 GB ECC DDR2 RAM, RAID 6. Проектирани за 24/7 работа. Специјлни единици за напојување и ладење овозможуваат брза и ефикасна замена за време на он-лајн сервисот.


Достапност
За секој хостинг сервер се обезбедени два идентично конфигурирани сервери. Дневно се прави резервна копија на сите податоци на клиентот. Оперативниот сервер може да се замени со резервна копија за само неколку минути. На тој начин Ви гарантираме 99.9% оnline сервис.


Хостинг центри
InterBauer сервери се лоцирани во Хонг Конг, САД и Германиија. Нашите партнери од iAdvantage, SAVVIS и Equinix се грижат за стабилен и непречен сообраќај на Вашите податоци.


MySQL, Perl, PHP, Python, Ruby и TCL
Секогаш се трудиме и даваме се од себе за да ги обезбедиме последните и стабилните верзии на достапни програмски јазици. Нудиме поддршка за Perl, PHP 5.2, PHP 4.4, Python, Ruby, TCL како и поддршка за MySQL база на податоци.


Контролен панел
InterBauer Ви обезбедува сигурен и уникатен контролен панел специјално дизајниран за потребите на нашите хостинг пакети. Ние не користиме хостинг програми и решенија изработени од трети лица, туку постојано го надоградуваме капацитетот на нашиот контролен панел.


Неограничен број на e-mail адреси
Со InterBauer, можете да имате неограничен број на e-mail адреси со секој домен што е хостиран со нас. Нашиот мејлинг систем Ви овозможува конфигурирање на ауто-одговори за секоја email адреса како и автоматско испраќање кон една или повеќе e-mail адреси.


E-mail пристап - брзо, лесно и едноставно
Секоја interBauer хостинг сметка доаѓа со комплетно веб e-mail решение. Можете да го проверете Вашиот e-mail било кога, било каде. Во секое време можете да ги прегледате, составете, проследете, зачувате и уредувате вашите пораки. Поштенското сандаче си има сопствен адресар и можност за прилагодување на основни и напредни e-mail филтри.


Домеин име
Можете да имате голема корист и профит со сопоствен домен на интернет. Со InterBauer секој нов клиент може да регистрира .com .net .org .us .biz и .info домени. Регистрацијата на овие типови на домени е достапна само во склоп со хостингот. Вооедно подготвуваме и потребна документација за регистрирање на .com.mk .net.mk .org.mk и .mk домени.


СПАМ
СПАМ-от е непријатен и досаден за сите нас, за некого тоа е дури и извор на озбилни и долготрајни проблеми. Во InterBauer, првата линија на одбрана се нашите mail филтри кои селективно ги одбиваат СПАМ пораките врз основа на нивниот наслов. За поголема сила и моќ можете да го искористете SpamAssassin кој ќе ја скенира содржината на пораката и ќе одреди самостојно дали се работи за СПАМ или е во прашање регуларната пошта. Доколку го вклучите SpamAssassin на глобално ниво, тогаш сите пораки ќе бидат скенирани, додека при вклучување по корисник, ќе се скенираат пораките наменети само за одредено поштенско сандаче.


Дневна резервна копија
Правиме дневни резервни копии на хостинг серверите и податоците. Доколку е потребно нашите клиенти можат и сами, преку контролен панел, да си направат сопствена резервна копија на податоци и да ја превземат локално или да ја зачуваат online на својот веб простор.


кон врвот